Сите имаме приемно сандаче за хартиена пошта, но што е со она за електронска? Досегашното мое искуство покажа дека корисниците на оваа новина не се запознаени целосно со неговите можности и ограничувања. Од една страна, недоволно ги користат, од друга имаат нереални очекувања.

Ќе почнам со поважното:

Нереални очекувања: Приемното сандаче не е складиште!

Искусните корисници на електронска пошта (е-пошта), зборат дека најважно им е поштата да биде безбедна, сигурна и брза по најповолна цена. 

За тоа да се постигне, ќе почнам од почеток... Што не смее да се случи?

1. неможност за логирање

2. неможност да се прати/прими писмо

3. спорост

 

Главната опасност која ги зголемува шансите да се случи едната од овие (а најчесто кога ќе фати една, се редат и другиве заедно) е пренатрупаност на приемното сандаче или inbox. Приемното сандаче на инстантВеб хостингот е оптимизирано за работа со највеќе до 3000 е-пораки. Кога се надминува ова, сандачето ќе работи но се зголемуваат шансите за случување на предходно набројаниве работи (кои несмеат да се случат).

Решенија има 2.

1- да се празни редовно и да не се дозволи да има над 3000.

Thunderbird или MS Outlook

2- да се надгради на платена е-пошта

Gmail for Business

 

Неискористување на неговите потенцијали

1. зошто ми е вебсајт?

2. кои ми се опциите?

3. напредни информации (што понатаму?)